Луди се Англичаните – Најдоа статистика, Де Бројне е прв стрелец со модро око (Видео+Фото)

Кевин Де Бројне играше за Манчестер сити со модро око и со коректор за да не се познава премногу отеченото место, а Англичаните веднаш и педантно најдоа луда статистика дека Белгиецот е прв стрелец на погодок во Премиер лигата со модро око.

Де Бројне даде прекрасен гол за Манчестер сити против Брајтон и ја запечати победата од 3:1 на шампионот, а и објаснувањето од каде му е модрицата на окото е интересна и вели дека го удрила топка на тренинг.

Еден од најдобрите играчи на светот имаше интересен изглед, видливо беше дека го замаскирал модрото око со коректор за очи, но и тоа не му пречеше да одигра нов извонреден меч.

 

- Оглас -

Најнови вести