Луди времиња во Парма, Асприлја ги јадел ливчињата со неговите казни

Деновиве се раскажуваат лудите приказни за легендарниот колумбиски фудбалер Фаустино Асприлја, а се надоврза и најдобриот светски фудбалер за 2006 година, Фабио Канаваро, кој раскажа анегдота за нивното заедничко играње во Парма. Асприлја, кој сега има 50 години, пред некој ден рече дека ако Кулушевски вреди 40 милиони, тогаш тој би вредел 300 милиони евра и дека во својата куќа има 3,5 милиони кондоми.

Канаваро се потсети дека контроверзниот колумбиски напаѓач, кој играше за Парма од 1992 до 1996 и потоа во сезоната 1998/99, буквално ги јадел казните кои ги добивал од клубот.

„Се сеќавам дека Миноти, кој беше капитен, на хартија ги пишуваше казните кои требаше да се платат поради разни направени глупости. Кога ќе дојдеше ред на Асприлја да плати, тој ќе го изедеше тоа парче хартија на кое ја пишуваше сумата со која е казнет“, раскажа Канаваро.

- Оглас -

Најнови вести