Флик: Ако се гледа играта во двата меча, заслуживме да играме во полуфиналето од ЛШ

Барселона повторно не успеа во обидот да стигне до трофејот во Лига на шампионите. Овојпат Атлетико Мадрид застана на патот на каталонскиот гигант и со вкупни 3:2 се пласира во полуфиналето. Во синоќешниот дуел во Мадрид, Барселона победи со 2:1, но Атлетико се радува благодарение на победата од 2:0 пред една недела на „Камп ноу.“

По мечот, тренерот на Барселона, Ханси Флик, прво не сакаше да коментира дали неговиот тим требало да добие пенал по една сомнителна ситуација во шеснаесетникот на противникот, а потоа го коментираше тоа што се случуваше на теренот.

„Не знам, секогаш е исто, секогаш зборуваме за судиите. Не ја видов ситуацијата. Горд сум на мојот тим. Имавме фантастичен пристап кон мечот, го покажавме вистинскиот менталитет на теренот. Горд сум на мојот тим. Создадовме многу шанси, но на крајот пропуштивме неколку големи можности и треба да го прифатиме фактот дека не сме во следната рунда од ЛШ. Мислам дека посебно во првото полувреме му дадовме на противникот многу отворен простор. Мораше покомпактно да се браниме. Во моментов, тоа што го играме, стилот што го негуваме е тој на Барселона. Ако се погледне како игравме во двата меча, заслуживме да играме во полуфиналето, но немавме среќа“, рече Флик, по елиминацијата на неговиот тим во четвртфиналето од ЛШ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести