Атлетико Мадрид од 2017 година чекаше да биде дел од полуфиналето во Лига на шампиони и сега успеа во тоа. Мадридскиот тим се радуваше на место меѓу најдобрите четири екипи, иако синоќа на свој терен загуби со 1:2 од Барселона. Атлетико оди понатаму благодарение на победата од 2:0 на првата средба. што значи дека е подобар со вкупни 3:2 по двете средби.
„И покрај грешките што го направивме во првиот дел од мечот, успеавме да дадеме гол и да намалиме на 1:2. Тоа беше фантастичен погодок. Второто полувреме беше многу побалансирано. Играчите кои влегоа од клупата за резерви дадоа дополнителна свежина во играта и енергија. Фантастично е тоа што се пласиравме во полуфиналето и што сме меѓу најдобрите четири екипи во Европа“, вели Симеоне.
Атлетико Мадрид два пати играл во финале на ЛШ и во двата случаи губеше од градскиот ривал Реал Мадрид.
„Продолжуваме со целата верба и ентузијазам. Ги знаеме нашите добри, но и лоши страни. Подготвени сме да го направиме тоа за кое што работиме толку години. Чувствував нешто магично. Едноставно чувствувам дека може да ја освоиме Лигата на шампионите“, рече Симеоне.

