Лудило: Претседателот на Фенер скокна од ложата директно каде што се тепаа (Видео)

Галатасарај со 3:1 победи на гостински терен кај Фенербахче, пораз кој никако не можеа да го прифатат домашните фанови. Фенербахче поведе со 1:0, но Галатасарај до полувремето израмни, а во 80-тата минута со голот на Фалкао од пенал поведе со 2:1.

Тогаш започнаа и нередите, кога од трибините домашните навивачи започнаа да фрлаат со секакви предмети, а зовреа страстите и на теренот. По еден играч на двата тима добија црвен картон. Галатасарај даде трет гол во 97-мата минута, а по завршување на дуелот, повторно имаше голема мешаница. Сите тие драматични ситуации може да ги видите ТУКА.

Во еден момент од ложата, директно меѓу оние највоинствените, скокна и претседателот на Фенербахче, Али Коч. Некои веруваат дека тој само сакал што е можно побрзо да стигне до поттрибинскиот простор, но токму таму беше и најголемата мешаница.

https://twitter.com/i/status/1231683631422328839

- Оглас -

Најнови вести