Спортинг Лисабон со многу мака и со гол во 94-та минута дојде до победа од 2-1 против Жил Висенте, со што во најава е луда завршница во битката за титула во португалската лига.
Спортинг има ист број бодови како градскиот ривал Бенфика, останаа само уште две кола до крајот, а во следното коло ќе се игра мега дерби во кое Бенфика го пречекува Спортинг и ако има победник, тој тим со 99% сигурност ќе биде и првак.
Вечерва Лавовите губеа од Жил Висенте до 80-та минута, а потоа со два гола во финишот направија пресврт кој предизвика делириум на трибините.
Ова е победничкиот гол на Едуардо Кваресма:
⚽️ GOAL: Quaresma
🇵🇹 Sporting 2-1 Gil Vicentepic.twitter.com/ZMfwc1SDnS— Goals Xtra (@GoalsXtra) May 4, 2025