Лудило во Лондон, Вест Хем со случаен гол го победи Челзи! (Видео)

Вест Хем губеше на полувреме со 1-2 против Челзи, но на крај триумфираше со 3-2 во соседското лондонско дерби, и ја вжешти битката за титулата.

Победничкиот погодок на „Лондин стејдиум“ беше случаен, бидејќи стрелецот Артур Масуаку веројатно имаше намера да нафрли, но топката наеднаш доби чудно движење и го изненади голманот Едуард Менди.

Челзи првпат сезонава прими повеќе од еден гол, со Томас Тухел како тренер, само трипати на 53 меча примиле повеќе од еден гол, но денеска не им беше денот на дефанзивците и на голманот Менди. Сините беа лидери на табелата пред ова коло, а може да го завршат на трета позиција.

Ова е лудиот гол на Масуаку со кој Вест Хем доје на шест бода негатива од европскиот првак:

- Оглас -

Најнови вести