Лудило во Милано: Анри утна пенал во финишот, Интер е зимски шампион во Серија А (Видео)

Интер против Верона се измачи за да дојде до нови три бода и потврда на зимската титула во Серија А.

Големиот фаворит во 93-та минута го даде голот за победа од 2-1, а стрелец беше Давиде Фратези.

Претходно, Лаутаро Мартинес со својот 16-ти гол сезонава (првпат во кариерата дава толку голови во првите 19 кола) најави рутинска победа на Интер, но работите не одеа како подмачкани. Шокот дојде во 75-та минута, кога Томас Анри кој влезе во игра само 45 секунди претходно, постигна гол за Верона за 1-1.

На Интер му беше поништен еден гол, несреќниот Марко Арнаутовиќ сакајќи да даде, со неспретна реакција спречи чист гол за неговиот тим, но за среќа на клубот од Милано, сепак го најдоа патот до победата.

Во десеттата минута од судиското продолжение, Анри утна пенал за Верона и од јунак се претвори во трагичар.

- Оглас -

Најнови вести