Хрватска по втор пат е европски шампион во ватерполо во машка конкуренција.
Баракудите на свој терен во Сплит, пред речиси 10.000 навивачи во „Спаладиум арената“, во финалето ја победија Унгарија со 10-9. Три од четирите четвртини завршија нерешено, а вториот квартал Хрватите ја добија со 1-0.
Хрватска беше европски првак и во 2010 година, а и тогаш титулата ја освои на шампионат кој таа го организираше, тогаш во Загреб. Со оваа победа, Хрватите им се реваншираа на Унгарците за ланскиот поразот во четвртфиналето на Олимписките игри во Токио.