Лудиот финиш на првото полувреме ја прекина црната серија на Селта (Видео)

Селта го победи Елче со 3:1 во премиерниот меч од 23. коло во шпанската Ла Лига, а клучен беше лудиот финиш на првото полувреме во режија на домашните напаѓачи.

Санти Мина погоди во 45. минута, а само 120 секунди подоцна во судиското продолжение од првиот дел прецизен беше и Браис Мендес за предност од 2:0 за Селта.

Домаќините потоа успеаја да ја задржат предноста од два гола и да победат за првпат во последните 8 меча што ги играа, вклучувајќи ја и сензационалната елиминација од нисколигашот Ибица со пораз од 5:2.

Елче и седми пат по ред не успеа да забележи победа и остана на претписледното место во најсилната шпанска лига со 18 бода.

Гостите намалија на 2:1 со голот на Ригони на стартот од второто полувреме, но надежите за реми, или целосен пресврт им ги уништи Санти Мина со нов гол во 68. минута.

- Оглас -

Најнови вести