Лудница во Австрија: Ред Бул им гостуваше на навивачите на коишто им го „украде“ клубот (Видео+Фото)

Највозбудливиот натпревар од Купот на Австрија синоќа го одиграа екипите на Австрија Салцбург и Ред Бул Салцубрг. Овој натпревар со нетрпение се очекуваше бидејќи компанијата „Ред Бул“ во 2005 година ја купи Австрија Салцбург и ѝ ги промени клупските бои од виолетови во црвено-бели, амблемот и името.

Навивачите лути на ваквиот потег, уште истата година формираа нов клуб, Австрија Салцбург, и од најниската лига стигнаа до третата австриска. Синоќа беше лудо на трибините, се појавија транспаренти со пораки за Ред бул, или како што велат навивачите, за „киднаперите“ на нивниот клуб.

Фаворитот немаше никаков проблем да победи со 0-4, а мечот доцнеше 30-тина минути поради големиот метеж што го направија навивачите на Австрија Салцбург околу автобусот на гостите, но и поради безбедносни причини.

- Оглас -

Најнови вести