Лудница во „Медисон Сквер Гарден“, Њујорк по осум години чекање, прв пат победи во плејофот (Видео)

Кој чека, ќе дочека, а сега дојде време за радост на навивачите на Њујорк никс. По пауза од осум години, еден од најпопуларните НБА тимови, се израдува на победа во плеј-офот. Њујорк во својата арена „Медисон Сквер Гарден“ со 101:92 триумфираше над Атланта и израмни на 1:1 во победи.

Победата е уште послатка, ако се знае дека Атланта водеше во текот на целото прво полувреме и на пауза гостите заминаа со предност од 13 разлика. Во третата четвртина „се разбудија“ домашните кошаркари и ја добија со 32:18, па во пресрет на решавачкиот квартал влегоа со минимална предност од 76:75.

Со добра игра и на почетокот на последната четвртина, Њујорк стигна до предност од 88:78, но Атланта не се предаде и брзо израмни на 91:91 за неизвесна завршница. Сепак, кога беше најпотребно, кошаркарите на Њујорк заиграа одлично посебно во одбраната и во последните пет минути направија серија од 10:1, за победа од 101:92.

https://youtu.be/9ccYwC3pv4Y

По завршување на мечот, се случи вистински делириум меѓу навивачите во салата, но и пред нејзе. Повеќе од 15.000 навивачи со нетрпение чекаа да се израдуваат на првиот плејоф триумф по пауза од 2013 година. Последен пат Њујорк на плејоф победа се имаше израдувано на 16 мај 2013 година во дуел против Индијана во полуфиналето на Источната конференција.

Во останатите два меча ои се играа ноќеска, Филаделфија лесно со 120:95 го победија Вашингтон и стигнаа до 2:0 во победи, додека Јута џез израмни на 1:1 во серијата против Мемфис, откако пред своите навивачи со 141:129 го победи Мемфис.

 

- Оглас -

Најнови вести