Лудница во Монца, два гола во судиското продолжение и триумф на Јувентус (Видео)

Фудбалерите на Јувентус во неверојатна завршница успеаја да слават со 2:1 на гости кај Монца во првиот натпревар од 14-то коло во Серија А и се искачија на лидерската позиција на табелата.

Старата дама во судиското продолжение влезе со предност од 0:1 благодарение на голот на Адриен Рабио во 12-та минута, но во дополнителните пет минути беа постигнати два гола.

Прво, Монца преку Валентин Карбони во 92-та минута го израмни резултатот, но две минути подоцна Гати му донесе три бода на Јувентус.

Старата дама ќе преноќи барем до недела како лидер на табелата со 33 бода, еден повеќе од Интер кој задутре во дербито на колото му гостува на шампионот Наполи.

 

- Оглас -

Најнови вести