Лудница во Монца: Милан се врати од два негатива, но на крајот убедливо загуби (Видео)

Фудбалерите на Милан беа многу блиску до фантастичен пресврт против Монца, но на крајот сепак поразени си заминуваат во гостувањето. Домашните после првиот дел имаа водство од 2-0, во второто полувреме Милан остана со човек помалку на теренот, откако беше исклучен Јовиќ, успеаја да се израмнат на 2-2 со играч помалку, но на крајот сепак загубија со 4-2.

Домашната Монца имаше прво полувреме од соништата, откако преку Песина во 45-тата и Дени Мота во шесттата минута од продолжението дојде до фантастични 2-0.

Во прилог им одеше и исклучувањето на Јовиќ во 53-тата минута, но Жиру во 60-тата намали на 2-2. Во 88-мата минута Пулишиќ израмни на 2-2, но кога Милан тргна на се или ништо, прими уште два погодоци.

Бондо во 90-тата минута ја доведе Монца во водство од 3-2, додека конечните 4-2 ги постави Коломбо во 95-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести