Лудница во Серија А – Верона ја победи Венеција по негатива од 0:3, Сасуоло стопи два гола минус против Специја (Видео)

Играчите на Верона приредија невиден пресврт во Серија А и негативата од 3:0 против Венеција на гостински терен ја претворија во фантастична победа од 4:3.

Многу возбудувања имаше и на мечот меѓу Специја и Сасуоло, а на домаќините не им беше доволна ниту предност од 2:0 по 50-на минути игра, па мечот заврши нерешено, 2:2.

Вистински јунак во градот на каналите во Венеција беше Џовани Симеоне, синот на познатиот тренер Диего Чоло Симеоне.

Тој ги постигна последните два гола за Верона за победа од 4:3 во невиден меч сезонава во Калчото.

Чекарони, Чрнигој и Анри беа стрелци за Венеција од 12. до 28 минута и кога се чинеше дека Верона ќе претрпи катастрофа се случи голем пресврт.

Анри во 52. минута си ја затресе и својата мрежа, потоа во 65. и во 67. минута Капрари и Симеоне израмнија на 3:3, а последниот збор го имаше најдобриот играч на мечот со фантастичен гол во 85. минута за победа на гостите.

 

Манј и Ѓаси и донесоа преднист на Специја, а репрезентативецот на Италија Распадори со два гола му донесе еден бод на Сасуоло.

- Оглас -

Најнови вести