Лудо боливиско Ел Класико: во 86-тата минута беше 3-1, а мечот заврши 4-4 (Видео)

Во Боливија се одигра локалното Ел Класико помеѓу Стронгест и Боливар, а средбата испадна историски спектакл.

Во 86-тата минута семафорот покажуваше 3-1 за домашните, а верувале или не, мечот заврши 4-4.

Боливар со голови во 86-тата и 90-тата минута изедначи на 3-3. Судијата покажа 8 минути продолжување, но се играа уште дури 23, беа покажани и три црвени картони, па по 113 минути игра, дуелот заврши со неверојатни 4-4.

- Оглас -

Најнови вести