Стефан Козлов ги исплаши сите присутни на АТП-турнирот во Акапулко кога во вториот сет на дуелот со Григор Димитров оддеднаш се „укочи“ на теренот и падна како поскосен.
Тенисерот што е роден во Скопје, но игра тенис за САД, имаше големи проблеми со грч на бутниот мускул, а по реакцијата се чинеше дека може да е и нешто многу посериозно.
https://twitter.com/TennisTV/status/1496001343215083520?s=20&t=uo3aMuu6SMqUQnuxF4AItQ
Падна на теренот и побара помош, а кога се чинеше дека ќе мора да го предаде мечот, сепак, јуначки продолжи да игра.
Во моментот на повредата, Козлов направи брејк и поведе со 5:3 во вториот сет, откако го доби првиот со 7:6.
Потоа Димитров ја искористи ситуацијата за да се спаси од пораз и со четири гема по ред го доби вториот сет со 7:5.
Сепак, Козлов одигра јуначки и дури успеа и да победи со 7:6, 5:7, 6:3 и во следното коло може да игра со Рафаел Надал, ако Шпанецот го победи Денис Кудла.
Козлов е роден во Скопје во 1998 година, но има американски пасош и игра за САД.