Лудо ќе биде во Адана – Новиот турски прволигаш сака да ги спои Балотели и Луиз

Новиот турски прволигаш Адана Демирспор има големи амбиции во новата сезона, а веќе го ангажираа Марио Балотели, па сега следен на ред, според најавите, е Давид Луиз.

Раководството на клубот сака Адана да биде стабилен прволигаш, а ќе биде лудо во Адана ако пристигне и Давид Луиз. И тој и Балотели се темпераментни играчи, имаа бројни интересни авантури, но и квалитет за да го кренат нивото на новиот прволигаш во силната турска лига.

Балотели веќе потпиша тригодишен договор со Адана Демирспор и сега се чека на одговор од бразилскиот стопер, кој моментно е играч на Арсенал.

Адана го освои првото место во ланската сезона во Втората турска лига, а има интересно минато. Клубот е основан во 1940 година со помош на околу 500 работници во турската железница.

Последен пат во Првата лига играа во минатиот век, во сезоната 1994/95, и сега ќе бидат дел од елитата по пауза од 27 години. Двете турски легенди, Фатих Терим и Хасан Шаш, ја почнаа фудбалската кариера во Адана Демирспор.

 

 

- Оглас -

Најнови вести