Лудо ќе биде последното коло на Спортска прогноза, одиграјте за крај за „ајфон11“

Лудо ќе биде последното коло на Спортска прогноза што следува викендов, проткаено со многу дерби-дуели во европските првенства. Третата сезона на бесплатната игра што ја организираат Спорт Манија и Sport Life завршува со 36-тото коло, па на некој начин учеството е задолжително во обидот да се освои убавата премија „ајфон 11“, што е стандардна награда во секое коло.

Со свои прогнози за последната рунда во третата сезона на Спортска прогноза можете да се приклучите веќе денеска од 14 часот, до последниот рок во сабота до 15.30 часот, кога почнува првиот натпревар од Тринесетката меѓу Херта и Келн.

Истиот ден се играат неколку големи дерби-натпревари, а во фокусот е таканареченото Дерби на Италија меѓу Јувентус и Интер. Предизвик ќе биде да се погоди исходот на овој меч, но и на римското дерби меѓу Рома и Лацио во сабота од 20.45 часот.

Исклучително привлечно е и англиското финале во ФА купот меѓу Челзи и Лестер, што ќе се игра на „Вембли“, во сабота од 18.15 часот. Од неделните мечеви, во фокусот е битката на „Сан Мамеш“ меѓу Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид, можеби и клучна за титулата во Шпанија.

Ако Атлетико успее да го прегрми тешкото гостување во Баскија, ќе биде многу блиску до 11-тата титула во Шпанија. Има уште доста интересни натпревари во последното коло на Спортска прогноза, по кое ќе се знае и новиот шампион во Генералниот пласман.

Лидерот има 239 поени, вториот зад него е само со поен помалку, а следните двајца имаат по 235 поени, што ветува битка до последен здив во трката за шампионската круна и наградата ТВ Смарт од 48 инчи што му следува на најдобиот прогнозер во третата сезона на Спортска прогноза.

Мотиви за да го одиграте последното коло има многу, награди уште повеќе, па ве очекуваме со вашите прогнози веќе денеска од 14 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести