Лудо ќе биде во Салерно – Навивачите на Салернитана со нетрпение ја очекуваат светската ѕвезда

Франк Рибери ќе биде нов член на Салернитана и останува уште само формалност за 38-годиниот фудбалер да го засили новиот калчолигаш во Серија А.

Во Салерно навивачите кои се познати како многу верни и фанатични во поддршката на Салернитана со нетрпение го очекуваат пристигнувањето на познатиотс ас од светски калибар, кој ќе биде големо засилување, иако веќе има 38 години.

Рибери ги одби Торино и Верона и веќе е договорен со Салернитана да игра за годишна плата од 1,5 милиони евра. Откако остана без ангжман и ја напушти Фиорентина, тренираше со играчите на Баерн во Минхен, клуб со кој освои многу титули и клуб што размислуваше да го врати во ростерот, но тоа сепак не се случи.

Салернитана беше најконкретна и Рибери ќе се обиде да помогне да се озтвари примарната цел во Серија А, да се обезбеди опстанок.

Салернитана  е клуб со столетна фудбалска традиција, формирани се пред 102 години, а оваа сезона конечно се вратија во Серија А по цели 23 сезони.

Во првите две кола загубија со 3:2 од Болоња и со 4:0 од Рома, но со Рибери во составот се враќаат надежите на навивачите и на сите во клубот дека ќе успеат да се задржат во Серија А и идната сезона.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести