Македонија никогаш не била во ваква ситуација – Лудо ќе биде во Тбилиси, не е сабота, но имаше вистинска грозница за билети (Фото)

Лусо ќе биде во Тбилиси на 23 септември, а Грузија ќе има огромна поддршка од речиси 55 илјади гледачи против Македонија на стадионот „Борис Паичаѕе“, односно на познатата „Динамо арена“.

Ќе се бие битка за првото место во нашата група од Сегментот Ц во Лигата на нациите, а Македонија никогаш не била во ваква ситуација.

Билетите, а се продаваа на неколку начини, и тоа вкупно 54.500, се распродадени само за 48 часа и веќе од вчера, односно на пет дена пред стартот на мечот беа комплетно распродадени.

https://twitter.com/GeorgiaGff/status/1571473155645923328?s=20&t=5v2XBDI6qauwjrDsPZsuyg

Ова е сосема спротивно од претходното гостување на Македонија на истото место, но пред две години во ноември, кога во историски меч ја победивме Грузија со 1:0 и се пласиравме на Европско првенство.

Тогаш се играше без присуство на публика поради ковид-кризата, а нашата репрезентација славеше историски успех со голот на Горн Пандев.

Сега пак ни треба победа, но овојпат многу повисока, со над 3 гола разлика за да останеме во игра за првото место во четвртата група од Сегментот Ц во Лигата на нации, а и ќе играме против ривал што ќе го бодрат над 54 илјади симпатизери.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести