Лудориите на преодниот рок: Позираше за два клуба, не заигра за ниеден

Името на Симон Морено не е познато меѓу фудбалските следбеници, но талентираниот играч на Вилјареал претрпе сурова судбина во текот на летниот преоден рок. Жолтата подморница летово сакаше да го пушти Морено на позајмица со цел да добива редовна минутажа и да може да продолжи да се развива во фудбалер каков што се очекува од него да биде.

Интерес се појави од шпанските второлигаши, а Алмерија беше најзагреана за услугите на дваесет и двегодишниот офанзивец. Морено пристигна во Алмерија на фотосесија, се сликаше во дресот на овој клуб, но пред да стави потпис на официјалниот договор. Додека се заврши сето тоа, челниците на Алмерија одлучија да не го реализираат овој ангажман, па го вратија Морено назад во Вилјареал.

Потоа запна Малага, која исто така го повика Морено да се слика во нивниот дрес, и повторно исто сценарио. Фотосесијата се случи пред потписот на договорот, а во меѓувреме сопственикот на Малага му ја затвори вратата.

Сега Морено е во редовите на Вилјареал, но во тимот Б, каде што ќе игра до јануари и ќе чека нова прилика за привремен трансфер.

- Оглас -

Најнови вести