Лудорија на Јусуф Нуркиќ – Го прати Тарпеј по бурек, па го залепи на постер Појрие (Видео)

Јусуф Нуркиќ одигра брилијантен меч за Босна и Херцеговина против Франција и со 21 поен, 9 скока и четири асистенции ја предводеше својата репрезентација до голема победа од 96:90 по две продолженија во квалификациите за Мундијалот што ќе се игра идната година.

Центарот на НБА тимот Портланд трејлблејзерс ја имаше и најубавата соло акција на мечот кога со два фантастични потези, најпрво го измами бекот на Французите, Тери Тарпеј, а потоа ја заби топката во кошот на гостите и притоа го стави на постер центарот на Реал Мадрид Венсан Појрие, кој се обиде да блокира, но не успеа.

На две кола до крајот на квалификациите во К групата Литванија е лидер со 15 бода, пред Франција со 14, Црна Гора со 13, БиХ и Унгарија со по 12 и Чешка со 11.

Трите првопласирани селекции од сите четири европски квалификациски групи ќе играат на Светското првенство што ќе го оргазнизираат Филипини, Јапонија и Индонезија од 25 август до 10 септември идната година.

 

 

- Оглас -

Најнови вести