Морбидна закана: Ако не потпише нов договор, ќе ја исечам ногата!

Напаѓачот на Милан Рафаел Леао беше еден од најзаслужните што Росонерите стигнаа до титулата во Серија А, за прв пат по 11 години. На крајот од сезоната, Леао беше прогласен за најдобар фудбалер во Италија за минатата сезона, а во моментов Португалецотима преговори со челниците на Милан за продолжување на договорот.

Леао моментно заработува 1,5 милиони евра по сезона, а фудбалерот бара поголема плата посебно откако го доби признанието за најдобар во Серија А. Доколку двете страни се договорат, договорот треба да биде продолжен до 2024 година.

Навивачите на Милан се во исчекување околу исходот на преговорите, а еден симпатизер на Росонерите кој на ногата го има истетовирано ликот на Леао упати една морбидна закана.

„Ако Леао не го продолжи договорот, ќе си ја исечам ногата“, порача навивачот преку социјалните мрежи.

Леао дојде во Милан во 2019 година од тимот на Лил за трансфер вреден 29,5 милиони евра и тоа се покажа како одличен потег на клубот. Моменталната цена на овој фудбалер се проценува на дури 70 милиони евра.

Минатата сезона Леао одигра 42 меча за Милан во кои постигна 14 погодоци, а имаше и 12 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести