Лудост или….? Кинески тим од градот во кој се појави Коронавирусот, поканет да го гледа Ел Класико на „Сантијаго Бернабеу“

Играчите на кинескиот фудбалски клуб кој доаѓа од градот во кој се појави смртоносниот Коронавирус, се поканети в недела во живо да го следат големото Ел Класико. Дуелот меѓу вечните ривали Реал Мадрид и Барселона ќе се игра на „Сантијаго Бернабеу“, а челниците на Примера дивисион упатија покана за присуство на играчитена Вухан Зал.

Во објаснувањето од Примера стои дека ваквиот потег е за да се покаже „поддршка за луѓето во Кина“. Челниците на Вухан Зал ја прифатиле понудата и ќе бидат на стадионот во Мадрид. Барселона како лидер ќе пристигне на „Сантијаго Бернабеу“, а Реал со победа ќе успее да стигне до првото место во Примера, што ветува дека дербито ќе биде интересно и неизвесно во текот на сите 90 минути.

Речиси и да не постои ризик дека овие играчи се заразени од Коронавирусот, затоа што клубот уште во јануари пристигнал во Шпанија на подготовки во Андалузија. Кога се рашири опасноста од смртоносниот вирус, а се одложија фудбалските мечеви во Кина, челниците на Вухан Зал одлучија да го продолжат престојот во Шпанија и на тој начин да го одложат враќањето во епицентарот на појавувањето на Коронавирусот.

 

- Оглас -

Најнови вести