Лудоста на Балотели нема граници (видео)

Марио Балотели од секогаш бил познат по своите лудории. Италијанецот често е тема на медиумите поради некоја глупост, а вчера додаде уште една во својата колекција. Додека е во потрага по нов клуб, Балотели го користи одморот да се забавува, а видеото кое вчера го објави на својот „Инстаграм“ профил покажува дека уште е „големо дете“.

Имено, Балотели се обложил на 2.000 евра со локален газда на паб, дека не може со веспата да се фрли во морето. Газдата на пабот го прифатил овој предизвик и го стори тоа без никакво колебање. Италијанецот ја платил кладбата, човекот потоа истакнал дека веспата чинела само 600 евра, така што бил во заработка.

https://www.instagram.com/p/BzkBnRBoAIT/?utm_source=ig_embed

Ова го потврдија италијанските медиуми, кои потоа истакнаа дека веспата сè уште работела откако ја извадиле од водата.

 

- Оглас -

Најнови вести