Лудвиг ги честеше Орлите со глупав пенал – Ајнтрахт е последен полуфиналист во германскиот куп

Шведскиот репрезентативец Лудвиг Аугустинсон го честеше Ајнтрахт Франкфурт непотребен пенал откако играше со рака во последните моменти од првото полувреме, а казнија домаќините со елиминација на Вердер Бремен во последното четвртфинале.

Андре Силва погоди од белата точка за 1:0, а потоа и Даичи Камада беше прецизен во 60-тата минута за лет на популарните Орли кон полуфиналето во германскиот куп.

Моментот од финишот на првото полувреме можете да го погледнете ОВДЕ.

Претходно во полуфиналето се пласираа Баерн, Сарбрикен и Баер Леверкузен. Ждрепката за двојките во полуфиналето ќе се одржи во недела од 18 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести