Луис Енрике го брани Брахим Дијас: „Тој не е убиец, во спортот некогаш победуваш, а некогаш губиш“

Фудбалерот на Реал Мадрид, Брахим Дијас, беше трагичарот на Мароко во загубеното финале од Африканскиот куп на нациите. Тој длабоко во судиското продолжение не успеа да реализира пенал откако се обиде со „паненка“, но тоа беше прочитано од противничкиот голман.

Во негова одбрана се стави и Луис Енрике, кој како селектор на Шпанија го повика во селекцијата на Фуријата, но откако не доби шанса, се одлучи да го промени спортскиот пасош.

„Во ПСЖ ја дискутиравме оваа ситуација во автобусот. Сите зборуваат за Брахим, но јас се сеќавам на Зидан, богот на фудбалот — тој го направи тоа и постигна гол со ‘паненка’ во финалето на Светското првенство. Се сеќавам дека и Серхио Рамос го направи тоа. Ако постигнеш гол со ‘паненка’, сите аплаудираат. Но, ако промашиш, има многу негативни коментари. Брахим Дијас е одличен играч. Го познавам, го повикав во шпанската репрезентација за еден натпревар. Тој е извонреден фудбалер и многу добар човек. Разбирам дека промашен пенал е тешко да се прифати, ситуацијата беше чудна, но тоа е спорт — ништо повеќе. А во спортот мора да покажеш дека знаеш и да победуваш и да губиш. Најважни се вредностите што можеш да им ги пренесеш на луѓето. Брахим не е убиец, ниту негативец, важно е тоа да се нагласи. Тој е млад играч и ова е тежок период за него“, рече Луис Енрике.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести