Луис Енрике: Одигравме одлично, вакви натпревари се за уживање

Шпанија е првиот финалист во овогодишното издание на Лигата на нациите.

Црвената фурија во еден интересен натпревар ја победи Италија со 2:1 и со тоа ѝ го нанесе првиот пораз по 37 натпревари.

Селектор на Шпанија, Луис Енрике, е задоволен од претставата на неговиот тим и вели дека ова е еден од најдобрите интернационални натпревари во последниве години.

„Целиот натпревар беше за уживање и ова беше една од најдобрите средби во последните години. Од моментот кога Италија ја пееше химата, па сè до самиот крај.

Победивме бидејќи ја игравме нашата игра без проблем. Гави го покажа својот потенцијал, а беше многу возбуден бидејќи играше против својот идол Марко Верати“, изјави Енрике.

Нивниот опонент во финалето во Лигата на нации ќе биде познат вечерва, кога во Торино ќе играат Белгија и Франција.

- Оглас -

Најнови вести