Луис Енрике по Шпанија повторно повторно ќе седне во селекторско столче и тоа на најжешкото

Фудбалската федерација на Бразил (ЦБФ) сè уште е во потрага по наследникот на Тите на клупата на Кариоките, а медиумите од оваа јужноамериканска земја сметаат дека Луис Енрике е главниот фаворит.

Бразилскиот медиум „Уол“ тврди дека веќе се водат тајни телефонски разговори меѓу челниците на ЦБФ и Енрике кој наводно е заинтересиран да седне на клупата на Кариоките.

Според медиумот, во текот на претстојната недела треба да дојде и до средба на двете страни по што ќе биде познато дали Енрике по заминувањето од клупата на Шпанија, ќе седне на клупата на Бразил.

Енрике моментно е без ангажман и поради тоа има предност пред останатите конкуренти, додека најголемите желби на челниците на ЦБФ ја одбија понудата.

Карло Анчелоти, Пеп Гвардиола и Зинедин Зидан, не се гледаат како селектори на Бразил, а наводно во игра бил и актуелниот селектор на Хрватска, Златко Далиќ, но и од тоа нема ништо.

- Оглас -

Најнови вести