Луис Енрике се коцка: играчите кои ги изостави, прават тим посилен од тој што ќе игра?! (Фото)

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Енрике, одлучи за претстојните дуели од Лигата на нациите од списокот да изостави неколку играчи кои се во добра форма.

Енрике од разни причини не ги повика: Серхио Рамос, Маркос Алонсо, Јаго Аспас, Марк Кукурелја, Ансу Фати…

Шпанскиот весник „Марка“ направи споредба на Црвената фурија на Енрике и 11-те заборавени или отпишани од Енрике. Дури 70 отсто од читателите сметаат дека посилен е оној тим на пречкртаните.

Стартниот тим треба да биде: Симон, Карвахал, Ерик Гарсија, Пау Торес, Алба, Бускетс, Педри, Коке, Феран Торес, Сарабија, Мората.

Ова е тимот на играчите отфрлени од селекторот: Де Хеа, Белерин, Серхио Рамос, Ињиго Мартинес, Кукурелја, Фабијан Руиз, Каналес, Тијаго Алкантара, Ансу Фати, Аспас, Раул де Томас.

- Оглас -

Најнови вести