Луис Хамилтон е победникот на јубилејната 1.000-та трка во Ф1

Луис Хамилтон е победник на трката за големата награда на Кина. Британецот ќе биде запишан како победник на јубилејната 1.000-та трка во историјата на Формула 1. Интересно е што Хамилтон беше победник и на на 900-тата трка во Ф1. За Британецот ова беше 75-та победа во кариерата.

Веднаш зад Хамилтон, на трката во Кина се најде неговиот клупски колега Валтери Ботас, кој заостана 6,5 секунди. Ова е трета еден-два победа за Мерцедес сезонава. Ваква доминација во првите три трки во сезоната немало уште од 1992 година, кога доминантни беа возилата на Вилијамс.

Покрај двоецот на Мерцедес, на пиедесталот имаше место и за Себастијан Фетел од Ферари, кој имаше заостанување од речиси 14 секунди. Верстапен кој беше четврти на крајот, финишираше со 27 секунди заостанување зад победникот.

Во генералниот пласман сега нов лидер е Хамилтон со 68 бодови, а Ботас е со 62 бодови. Верстапен е трет во генералниот пласман со 39 бодови, Фетел има 37, а Леклер е со 36 бодови.

Кај конструкторите, Мерцедес доминира со 130 бодови, пред Ферари со 73 и Ред Бул со 52 бодови.

Следната трка е за големата награда на Азербејџан на 27 април.

 

- Оглас -

Најнови вести