Луис Хамилтон најбрз во Мексико сити, стоти пат на подиумот како пилот на Мерцедес (Видео)

Луис Хамилтон е победник на Формула 1 трката во Мексико сити, што беше интересна и понуди неколку возбудливи моменти, дуели на патеката и испаѓања на дел од пилотите.

Себастијан Фетел заврши зад актуелниот првак, а на третото место и последен на подиумот се искачи Ботас.

За Хамилтон ова е 83-та победа во Формула 1, што е најмногу од активните пилоти.

„Ѝ благодарам на публиката. Ваква поддршка не сум имал никаде. Беа фантастични, исто како и луѓето од мојот тим. Ова беше трката што долго посакував да ја извозам како победник и ми се оствари сонот“, изјави Хамилтон.

https://twitter.com/sophia_wrc/status/1188550474095644672?s=20

Бодови вечерва во Мексико сити освоија и: Леклер на четвртата позиција, зад него целта ја минаа Албон, Ферстапен, Перез, Рикардо, Квајат и Гасли.

- Оглас -

Најнови вести