Луис Хамилтон стигна до 90-тата пол позиција во кариерата

Луис Хамилтон ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка за Големата награда на Унгарија. Британецот имаше најдобро време денеска и извозе круг со време од 1.13.447 минута, што е доволно си обезбеди најдобра стартна позиција, пред неговиот клупски колега Валтери Ботас 1.13.554, додека како трет ќе стартува Ленс Строл, а четврти ќе биде Перес.

За Хамилтон ова е седма пол позиција на трката во Хнгарија а вкупно 90-та во кариерата. Со ова време Британецот покажа дека е главен фаворит за победа на утрешната трка.

- Оглас -

Најнови вести