Луис Суарес ќе ја засили Барселона кон крајот на април?

Паузата во шпанската лига е добра за сите клубови кои имаат повредени играчи, па така и за Барселона, која прилично страда откако се повреди Луис Суарес. Без Уругваецот, каталонците не се толку убоити во нападот, но процесот на рехабилитација после операцијата на коленото оди добро, и Суарес се надева дека ќе заигра кон крајот на април.

Теоретски, не е исклучено тој да игра и на реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Наполи. Засега неизвесно е кога би се играл тој меч, но ако Суарес навистина заздрави до крајот на следниот месец, тоа ќе биде прекрасна вест за Барса, која против Наполи нема да може да смета на Брајтвајт, Дембеле, Бускетс и Видал. Суарес веќе почна да трча праволиниски, а доби дозвола и да шутира топка.

Одложувањето на првенството значи дека има реална шанса Суарес да помогне во битката за титулата, и да се најде во составот на дербито со Атлетико Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести