Луис Суарес пред најтешката одлука: Принуден е да ја заврши кариерата

Еден од најдобрите напаѓачи во последните две децении, Луис Суарес, би можело да ја прекине кариерата. Суарес моментално настапува за екипата на Гремио, а бразилските медиуми најавуваат дека е можно Уругваецот да објави крај на професионалната кариерата.

Голгетерот игра со константни болки во коленото, кои не може да се санираат и стануваат сè посилни и посилни. Се очекува Суарес наскоро да има состанок со челниците на Гремио, па договорот кој има важност до јуни 2024 година да биде прекинат.

Уругваецот ја почна кариерата во Насионал, потоа играше и за Гронинген и Ајакс, а потоа направи трансфер во Ливерпул. Од англискиот гигант замина во Барселона, каде што ги имаше најдобрите моменти во кариерата. Од каталонскиот гигант замина во Aтлетико Мадрид, потоа се врати во Насионал, а сега е дел од тимот на Гремио.

- Оглас -

Најнови вести