Луис Суарес: Судијата можеше и да не досуди пенал

Уругваецот Луис Суарес го нагази противничкиот играч и падна во 16-никот на Лион, по што судијата Шимон Марчињак од Полска покажа на белата точка за Барселона и му даде шанса на Лионел Меси да му донесе предност на својот тим од 1-0. Според некои судии, ова не било пенал, туку фаул од Суарес врз Џејсон Денајер. Во ВАР-собата, поради технички проблеми судиите не можеле да видат репетиција од спорната ситуација, па Марчињак остана на својата одлука и своето уверување дека Суарес е фаулиран.

„За мене, ова не беше пенал, бидејќи Суарес е тој што иницира контакт со газењето врз ногата на дефанзивецот“, рече судијата Итуралде Гонзалес.

Суарес по мечот рече дека контакт имало, а судијата можел и да досуди и да не досуди пенал.

„Не сакајќи згазнав на ногата на противникот и ме дестабилизираше, по што паднав. Судијата можеше и да не досуди пенал, но можеше и да досуди, што и го направи“, рече Уругваецот.

- Оглас -

Најнови вести