Луис Суарес во следната сезона ќе игра во Бразил?

Бразилскиот клуб Коринтијанс е заинтересиран во своите редови да го донесе Луис Суарес од Атлетико Мадрид. Договорот на 34-годишниот Уругваец со Атлетико му истекува на 30-ти јуни 2022, па летово ќе биде слободен играч.

Суарес сезонава има 8 гола и две асистенции на 24 меча во сите натпреварувања. Клубот од Сао Пауло кој беше петти во бразилската лига, сака да го доведе Суарес уште во април и тоа по намалена цена, а така и Атлетико би добил нешто.

Голгетерот во минатото изјавуваше дека не би се вратил во клуб во Јужна Америка, бидејќи врз себе би имал огромен притисок. И Интер од Мајами се интересира за Суарес, а Коринтијанс освен за Суарес, размислува нападот да го засили и со другата уругвајска ѕвезда, Единсон Кавани.

- Оглас -

Најнови вести