Луис Суарес со 555-тиот гол во кариерата се прости од фановите на Гремио

Уругваецот Луис Суарес постигна гол за победа од 1-0 на својот последен меч во дресот на бразилскиот Гремио.

Ветеранот погоди против Васко да Гама во последниот меч на Ел Пистолеро на стадионот на Гремио. Ова беше негов 555-ти гол во кариерата.

Суарес станува слободен играч, но уште не решил каде ќе ја продолжи кариерата.

„Ми треба опуштање, да посветам внимание на семејството. Потоа судбината ќе покаже каде ќе бидам во иднина“, рече Суарес, кој на 52 меча за Гремио даде 24 гола, а имаше и 17 асистенции.

Се шпекулира дека 36-годишниот голгетер кариерата ќе ја продолжи во МЛС-лигата и ќе потпише за Интер Мајами.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести