Лука Дончиќ ќе направи необичен трансфер?

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ, кој е една од најголемите европски ѕвезди во НБА лигата, има привилегија на натпреварите на Далас маверикс да носи патики какви што сака, не е врзан за некој голем бренд, но тоа наскоро може да се смени.

На загревањето пред мечот со Лос Анџелес лејкерс, Дончиќ беше фотографиран како носи патики од компанијата „Андер Армор“, модел Кари 7, и тоа многумина го протолкуваа како најава за договор со таа фирма за спортска опрема. Но, само на загревањето. На мечот, играше со патики од „Најк“.

Сепак, Дончиќ има долгогодишен партнер во „Најк“ со кого договорот му истече пред еден месец, и овој гигант веројатно нема таа лесно да се откаже од Лука. Дончиќ редовно носеше „Најк“, а без разлика дали ќе го смени брендот, секако од спонзорот ќе добива по 20-тина милиони долари по сезона.

- Оглас -

Најнови вести