Лука е вечен: Модриќ останува „крал“ до јуни 2023 година

Реал Мадрид официјално го продолжи договорот со Лука Модриќ до јуни 2023 година, што значи дека хрватскиот маестро и во новата сезона ќе биде моторот на европскиот шампион на свои речиси 37 години.

Ова е наградата за фантастичната сезона на Модриќ и Кралевите, во која ја освоија двојната круна, односно титулите во Ла Лига и Лигата на шампионите.

Со новиот договор Модриќ ќе ја забележи и 11-тата сезона во белиот дрес, кој досега го носеше со неизмерен успех. Искусниот играч за врска досега запиша над 430 настапи за Кралевите, во кои освои вкупно 20 трофеи, од кои пет се во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести