Лука ти ли си? Дончиќ се запушти за време на карантинот (Фото)

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ, деновиве има прилично голема трансформација на изгледот, и изненади многумина кога објави една фотографија за време на домашниот карантин. Ѕвездата на НБА тимот Далас маверикс, одамна не посетил фризерски салон, а долго време и подзаборавил да се избричи, што се гледа од брадата и мустаќите.

После реакциите на неговите следбеници на социјалните мрежи, за очекување е Лука наскоро да се среди и повторно да биде она избричено 20-годишно момче кое многумина го сакаат поради неверојатниот кошаркарски талент, но и детскиот изглед.

- Оглас -

Најнови вести