Лука знае како против Феникс, но вечерва ќе има минус поени? (Фото)

Натпреварот помеѓу Феникс санс и Далас маверикс треба да биде најинтересен и најнеизвесен од сите шест кои се играат доцна вечерва во НБА-лигата. Според квотите во Sport Life, домашните се благи фаворити иако ќе го немаат Девин Букер.

Главен адут на Маверикс е Лука Дончиќ, за кого најавите се дека сепак ќе игра, иако има повреда и не е 100 проценти фит.

Сонцата уште ги пече елиминацијата во седмиот меч од плејофот во минатата сезона, на таа мајсторка Словенецот даде 35 поени. Дончиќ имаше 35 поени и во октомври кога Далас загуби од Феникс, а на последниот меѓусебен дуел во декември тој даде 33 во убедливата победа на Далас.

За вечерва, границата е поставена на 34,5 поени. Инаку, има голем број кошаркари на кои може да се обложите колку поени ќе дадат вечерва.

- Оглас -

Најнови вести