Лукаку не дозволи Интер од готово да направи вересија против Сасуоло (Видео)

Интер славеше со 4:2 против Сасуоло во 35-то коло во Серија А и се израмни со Јувентус на делба на второто место на табелата.

Нераѕурите по триумфот имаат 66 бода, и во последните три кола им се потребни четири бода за математички да го обезбедат учеството во Лигата на шампионите и следната сезона.

Иако водеше со 3:0 со головите на Ромелу Лукаку, на Лаутаро Мартинес како и на автоголот на Тресолди, во финишот Интер стравуваше за победата бидејќи Сасуоло успеа да постигне два гола и да се врати во игра.

Прво Матеус Енрике во 63-та минута постигна гол за 3:1, а во 77-та минута Фратези намали на 3:2.

Дилемите ги разреши Ромелу Лукаку со својот втор гол на натпреварот на стартот од судиското продолжение и на својот тим му овозможи да освои три значајни бода кои речиси сигурно и носат пласман во ЛШ следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести