Лукаку од Италија се сели во Лидс?

Џордан Лукаку, дефанзивецот на Лацио, наскоро би можело да се пресели во Премиер лигата, ако Лацио ја прифати понудата на Лидс за ангажирање на Белгиецот. Џордан е брат на Ромелу Лукаку, кој игра за Интер. Неговиот договор со римскиот клуб му важи до 2022 година.

Во минатата сезона, 26-годишниот Лукаку имаше доста повреди, па играше само на 13 меча во Серија А и имаше две асистенции. Левиот бек четири години е во Лацио, откако во 2016 година за 4 милиони дојде од Остенде.

- Оглас -

Најнови вести