Лукаку погоди, Рома немаше милост за Емполи (Видео)

Фудбалерите на Рома немаа милост против фенерџијата Емполи и забележаа и повеќе од убедлива победа од 7-0. На вториот натпревар во дресот на “римската волчица“ во листата на стрелците се запиша и Ромелу Лукаку, кој погоди за водство од 6-0.

Интересно седумте голови беа дело на шест различни фудбалери, а единствено Дибала беше двоен стрелец. Останатите голови беа дело на Санчес, автогол на Граси, Кристанте, Лукаку и Манчини.

- Оглас -

Најнови вести