Лукаку повторно е повреден

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, повторно е надвор од составот и нема да настапи на денешниот меч од Купот на Италија против Парма. Белгискиот напаѓач се пожалил на болки во коленото и ќе мора да мирува, а можно е да го пропушти и дуелот против Верона во првенството.

Лукаку сезонава нема среќа со повредите. Откако даде гол во првото коло против Лече, голгетерот одигра само уште два меча и се повреди. Во октомври играше само два меча и повторно се повреди. Тој сезонава пропушти дури 131 ден поради повредите.

Лукаку влезе во второто полувреме на дуелот против Монца пред три дена, но очигледно дека не е доволно закрепнат, па сега му следува нова пауза.

- Оглас -

Најнови вести