Лукаку продолжи еден неверојатен низ: дава гол во првиот меч штом облече дрес на нов клуб (Видео)

Ромелу Лукаку дефинитивно ќе биде големо засилување на Челзи во новата сезона. Играчот кој беше платен 115 милиони евра за трансфер од Интер во Челзи, по само 15 минути во дресот на новиот клуб, успеа да погоди. Во лондонското дерби против Арсенал, белгискиот репрезентативец го донесе Челзи во водство по одличната акција на гостите.

Спо овој погодок Лукаку продолжи една неверојатна низа, а тоа е да постигнува погодок во првиот меч штом ќе облече дрес на нов клуб.

Оваа низа на Лукаку започна кога погоди во дебито за Вест Бромвич Албион, потоа за Евертон, Манчестер јунајтед и за Интер. Сега погоди во првиот меч по трансферот во Челзи, клуб за кој играше и во 2011 година, а интересно е што тогаш Лукаку не даде гол на дебито. Тоа што го пропушти пред 10 години, Лукаку сега го корегираше.

До крајот на првиот дел, Џејмс постигна втор гол за Челзи во 35 минута, за сигурно водство на гостите.

https://twitter.com/i/status/1429470140471590914

- Оглас -

Најнови вести