Лукман е јунакот, погоди за победа и откри кој не навива за Лестер (Видео)

Адемола Лукман погоди за победа на Лестер против Ливерпул само три минути откако влезе во игра, а при прославата на голот имаше интересен кадар што го фати една од камерите на „Кинг пауер“ стадионот.

На трибините грмеше од радост по погодокот на Лукман, но еден од навивачите на трибината не беше многу весел и очигледно е дека е симпатизер на Ливерпул.

Spot the Liverpool fan… from soccer

Ливерпул имаше многу шанси, но Мохамед Салах, пред сè, но и Садио Мане и соиграчите промашуваа, па поразот беше неминовен.

Салах промаши и пенал во 16-тата минута и Ливерпул остана без бодови на гостувањето кај Лестер.

- Оглас -

Најнови вести