Лунин го посрамоти Бернардо Силва, но кој е „херојот од сенка“, што го даде клучниот совет? (Видео)

Голманот на Реал Мадрид, Андреј Лунин, е еден од најзаслужните што Кралскиот клуб се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите откако успеа да одбрани два пенали во „рулетот“ против Манчестер сити и тоа беше доволно шпанскиот гигант да се радува на крајот.

Мечот во Манчестер заврши 1:1, па мораа да се шутираат пенали. Лунин ги одбрани ударите на Бернардо Силва и на Ковачиќ во втората и третата серија, што на крајот се покажа како доволно за Реал да победи.

Посебно впечатлива беше одбраната по шутот на Бернардо Силва, кој реши да шутира по средината на голот, а Лунин како ретко кој голман, реши да остане на место без воопшто да мрдне, па ја имаше и најлесната одбрана на еден пенал.

Многумина се прашуваа како Лунин знаеше дека Бернардо ќе шутира по средина. Пред да започне серијата на пенали, Лунин доби совети од резервниот голман Кепа, кој има брането во Премиер лигата и добро го познава Бернардо.

Токму Кепа има примено гол од пенал од Бернардо со шут по средината, па сега тој му даде совет на Лунин да не мрда кога ќе дојде редот Силва да шутира.

 

- Оглас -

Најнови вести